#живеемеподоброзаедно

 

Поздрав од заедницата за подобар живот!

 

Многу работи се случуваат. Работиме напорно, ја сакаме природата, ги воспитуваме децата, трчаме маратони, готвиме со пријателите, учиме и посетуваме часови по јога. Ние сме најборбените млади луѓе. Бараме промени, а понекогаш и ги мразиме! Но, едно е сигурно: промената е дел од нашите животи.

 

Да, потребна е сила, Да, потребна е храброст. Да, често е потребно време и трпение за активно да се промени нешто. А понекогаш дури и промената доцни. Но, ние сакаме да успееме! Затоа што сè што активно менуваме секогаш ќе не награди на крајот. И на крај го пишуваме во нашето CV – нашето НАЈДОБРО.

 

Поточно: Нашето општо добро. Затоа што во UNIQA ние сме заедницата за подобар живот. За вас, за вашите најблиски и за нашиот свет. Знаеме дека заедно можеме да постигнеме многу повеќе, но за да го направиме ова, прво треба да започнеме од себеси.

 

Заедно со храброст за подобар живот.

Дали веќе го откривте нашиот нов спот за UNIQA? Преку кампањата со новото мото “живееме подобро заедно” настојуваме да ги поттикнеме луѓето активно да се соочат со промените за подобар живот.

 

Светот постојано се менува секој и ден и побрзо. Како водечка осигурителна компанија, треба да се промени и UNIQA. Оваа кампања дополнително ја разјаснува визијата на програмата UNIQA 3.0 за иднината: Сега веќе не е прашање само ние да бидеме тука за нашите клиенти во случај на штета. .

 

Со нови услуги и иновации, UNIQA ги зближува луѓето во различни фази од животот за подобар живот.