UNIQA: ОДЛИЧЕН РАСТ НА ПРИХОДИТЕ И ВИСОКО НИВО НА ПРОФИТАБИЛНОСТ ВО ПРВИОТ КВАРТАЛ ОД 2023 ГОДИНА
- Бруто полисираната премија е зголемена за 6,5 %
- Извонредни резултати во основната (осигурителна) дејност на групацијата
- Профит пред оданочување од 124 милиони евра – значително зголемување споредбено со претходната година
- Коефициент согласно Солвентност II на високо ниво од 253 %
Андреас Брендштетер, извршен директор UNIQA Insurance Group
И по одличната финансиска 2022 година, сè уште сме на вистинскиот пат во ЦИЕ(Централна и Источна Европа) и Австрија: првиот квартал од 2023 година забележа заработка пред оданочување зголемена за околу 10 % , односно во износ од 124 милиони евра и раст на премијата од 6,5 %, со што бруто полисираната премија на Групацијата изнесува нешто помалку од 2 милијарди евра. Извонредните перформанси во основниот приход на групацијата, поддржани од подобро од очекуваните -инвестициски приходи, се главните причини за охрабрувачкиот развој на групацијата .
Во првиот квартал од 2023 година, UNIQA Insurance Group за прв пат ги изготви своите финансиски извештаи во согласност со новите сметководствени стандарди МСФИ 17 и 9 (IFRS 17 и 9), кои се применуваат од 1 јануари 2023 година. Ова ќе резултира со зголемена транспарентност и подобра споредливост на деловниот развој на УНИКА на долг рок.
Консолидирани клучни бројки за првиот квартал од 2023 година
Полисираната премија на UNIQA Insurance Group AG во привот квартал од 2023 година се зголеми за 6,5 % на 1.980 милиони евра во споредба со истиот период од претходната година. Овој позитивен развој се должи првенствено на силниот раст на осигурувањето на имот и незгода во сите земји, како и на зголемените премии во здравственото осигурување.
Извонредниот раст, како и намалувањето на настанати штети како резултат на природни непогоди, резултираше со позитивен технички резултат од 133 милиони евра.
Со 124 милиони евра, приходите од инвестирање се значително над очекувањата, пред се поради подобрувањето на тековните приходи.
Заработката пред оданочување изнесува 124 милиони евра во првиот квартал од 2023 година и резултира со консолидирана добивка (учество во добивката за периодот што им се припишува на акционерите на UNIQA Insurance Group AG) од 101 милиони евра.
Соодносот на солвентниот капитал (SCR) според Солвентност II, кој се смета за показател за нивото на капитал, изнесуваше 253 % во UNIQA на 31 март 2023 година. Ова претставува зголемување од дополнителни 7 % во споредба со последниот квартал, односно 31 декември 2022 година.
Резултати во класите на осигурување
Осигурување на имот и осигурување од незгода
Полисираните премии во осигурувањето на имот и осигурувањето од незгода пораснаа за 9,8 % во однос на претходната година, односно на 1.211 милиони евра во првите три месеци од 2023 година. Бруто комибинираниот коефициент во осигурувањето на имот и несреќи беше на одлично ниво од 88,7 %, како резултат на намалувањето на бројот на штети како резултат на природни непогоди.
Здравствено и животно осигурување
Кај здравственото осигурување,забележан е раст од 6,2 % споредбено со минатата година, со што бруто полисираната премија изнесува 346 милиони евра.
Кај осигурувањето на живот, полисираните премии благо се намалија во првиот квартал од 2023 година за 1,8 %, на износ од 423 милиони евра.
Новосклучените договори во здравственото и животното осигурување во првиот квартал од 2023 година се на многу добро ниво, односно задржано е одличната стапка на раст 4.4 % oд 2022 година, со што бруто полисираната премија за договорите за осигурување со нови клиенти изнесува 35 милиони евра .
Маргината за договорна услуга изнесуваше 5.642 милиони евра и е зголемена за 5,7 %. Оваа нова билансна ставка ја претставува добивката што се очекува во иднина од склучените долгорочни договори во сегментот на животно и здравствено осигурување.
Очекувања
UNIQA очекува континуитет на профитот остварен од основната дејност на групацијата во Австрија и во ЦИЕ. Сепак, не е можно да се обезбеди сигурнo предвидување за целата финансиска година поради војната во Украина и континуираните неизвесности на пазарите на капитал. Затоа UNIQA сè уште не објавува своја прогноза и очекување за висината на добивката за целата 2023 година .
Дополнителни информации за МСФИ 9 и 17 (IFRS 9 и 17) може да се најдат во делот за односи со инвеститорите на веб-страницата на UNIQA.
Клаузула во врска со очекувањата за периодот што следува
Оваа комуникација содржи изјави кои се однесуваат на идниот развој на UNIQA. Овие изјави претставуваат проценки кои се постигнати врз основа на сите информации што ни се достапни во моментов. Ако претпоставките на кои тие се засноваат не настанат, вистинските резултати може да се разликуваат од резултатите што се очекуваат моментално. Како резултат на тоа, не може да се обезбеди никаква гаранција за дадените информации.
Датум
Годишното Генерално Собрание на UNIQA Insurance Group AG ќе се одржи на 6 јуни 2023 година во Виена, како што и е најавено.