Подигнување на ЗАЕМ по полиса за осигурување на живот
Потребни документи
- Барање за заем
- Изјава за винкулација на полиса заверена на нотар,
- Оригиналниот примерок од полисата за осигурување на живот,
- Копија од трансакциска сметка.
Најповолна и најдобра можност за позајмица:
- Најповолна каматна стапка,
- Одобрување на заем и доколку не се исполнети стандардните услови за одобрување на банкарски кредит,
- Износот на земениот заем не се калкулира во вкупната кредитна задолженост на клиентот,
- Заем без жиранти или гаранции,
- Истовремено целосно осигурување,
- Административни трошоци од само 150 денари за нотарска заверка на Изјавата за винкулација,
- Заемот се одобрува во рок од еден работен ден.
Дополнителна поволност
- Дополнителна поволност е тоа дека овој заем е единствениот кој во најлоша ситуација немате обврска да го вратите, бидејќи во тој случај УНИКА ЛАЈФ А.Д.Скопје се обврзува да ја откупи Вашата полиса и со тоа престануваат Вашите обврски.
Симболична каматна стапка
Одобрување за еден работен ден
Без жиранти
Истовремено целосно осигурување
Ниски административни трошоци
Единствен услов за одобрување на подигнување на заем е да се изминати 3 години од периодот на осигурување и да е платена премијата за осигурување за тие 3 години.
Заемот се одобрува во рок од еден работен ден.
Планирате да купите стан на кредит?
Заштитете го Вашиот капитал од последица на несреќен случај, обезбедете сигурност на отплата, и заштитете го Вашето семејство.
Живот Плус е осигурување кое претставува идеална комбинација на квалитетно долгорочно штедење и осигурување на живот.
Програмата РИЗИКО Ви овозможува врвна лична и семејна сигурност, преку високо осигурана сума во случај на траен инвалидитет, смрт поради незгода и природна смрт.
Со договорувањето на програмата КОМФОРТ, преку долгорочно штедење, мудро вложувате во вашата и заштитата на вашето семејство во случај на настапување на болест, повреди или хируршки интервенции.