Семинар – Мотивацијата, двигател кон целта

Оваа сабота во просториите на УНИКА Македонија се одржа уште еднен успешен семинар за мотивација на продажната мрежа. Фокусот беше ставен на основното кредо на Групацијата:

  • Квалитет
  • Почит
  • Чесност
  • Уникатност
  • Флексибилност

 

 

Генералниот Директор на УНИКА АД г-дин. Дритон Азизи, со своето обраќање ја престави големината на брендот УНИКА  и  нагласи  дека “ UNIQA ќе работи на зајакнување на свеста за потребата да се заштитат осигурениците и да се обезбедат едноставни и брзи решенија за своите клиенти. Работејќи како тим, успеавме да ги искористиме најдобрите практики и да создадеме стратешки концепт, чија придобивка ќе ја почувствуваат нашите вработени, продажна мрежа, а особено нашите клиенти. Нашиот најголем капитал се нашите вработени, во чиј раст постојано инвестираме и со посебно внимание ги развиваме нивните таленти и вештини„

На присутните им се обрати и Генералниот Директор на УНИКА ЛАЈФ АД Скопје, г-ѓа. Александра Шкемби Антовска “ Мотивацијата е таа која не донесе денес на овој семинар и истата таа не движи кон успешни и развиени продажни искуства. Комфорт зоната тука не е присутна и нашиот тим со сигурност чекори кон квалитетно завршена осигурителна година”

Целта на овие семинаре е да се зголеми мотивацијата во нашиот тим, преку кои ќе се обезбеди зголемување на перформансите и продуктивноста.

Пронаоѓањето на вистинскиот поттик за секој член на нашиот тим за продажба е важно бидејќи мотивацијата најдобро функционира кога се развива внатрешно, која пак се користи  преку подобра комуникација, менторство и развивање на вистинските стимулации.

 

Мотивирањето на нашиот тим за продажба ќе им помогне да создадат вистинска мотивирачка средина која ќе ја обликува и развива нивната група со правилен став и здрава конкуренција.

Доколку сакаш и ти да бидеш дел од нашиот тим за продажба, достави ги твоите лични податоци на следната маил адреса: uniqalifeinfo@uniqa.mk

 

Facebook
Twitter
LinkedIn