Осигурување од автоодговорност
Без ова осигурување не е можно да извршите регистрација на Вашето службено возило. Со ова осигурување ја осигурувате одговорноста на Вашето претпријатие за надомест на материјални и нематеријални штети предизвикани на трети лица причинети со употреба на Вашето службено возило.
Намена
- Потребно е за да извршите регистрација на Вашето возило
- Jа осигурувате Вашата одговорност спрема трети лица
- Надомест на материјални и нематеријални штети причинети со употреба на Вашето возило
Осигурување од Автонезгода
Ова осигурување се договара во пакет со осигурувањето од Автоодговорност, притоа возачот и сопатниците се осигурани во случај на:
- Смрт поради незгода
- Инвалидитет поради незгода.
Осигурување на Стакло
Осигурување на стакло од кршење на:
- Патнички
- Товарни моторни возила
Покритие
Одговорност спрема трети лица
Автонезгода
Стакло
Слични производи
Каско осигурување на моторни возила претставува осигурување на возилата кое овозможува покривање на штетите на сопственото возило независно од причината и виновникот.
При патување надвор од Република Македонија со сопствено возило, неопходно е за возилото да се обезбеди Зелен Картон, кое, всушност, е територијално проширување на Осигурувањето од Автоодговорност во сите европски земји и останати земји членки на системот на Зелен Картон.
UNIQA А.Д. Скопје нуди квалитетно осигурување за време на транспортот во копнен,
поморски и авионски превоз против сите ризици (ALL Risks) Kлаузула *А*.
Со ова осигурување се покрива одговорноста за штета која настанала, важи или е од дејност на осигуреникот, од поседување ствари, од правен однос, или од одредено својство како извор на опасност, што се одбележани во полисата за осигурување, односно во понудата за осигурување.