Дома » Каско осигурување
КАСКО осигурување
Каско осигурување на моторни возила претставува осигурување на возилата кое овозможува покривање на штетите на сопственото возило независно од причината и виновникот.
Потполно каско осигурување
Ги опфаќа следните осигурени ризици:
- Сообраќајна незгода, како превртување, судар, удар, урнување и слично,
- Паѓање на предмет врз возилото или удар од некој предмет,
- Пожар
- Удар од гром
- Оштетување на тапацир при давање на помош при сообраќајна незгода,
- Ненадејно надворешно термичко или хемиско дејство
- Експлозија (освен експлозија од нуклеарна енергија),
- Бура, град, снежна лавина; поплава, порој и високи води,
- Паѓање на воздушни летала,
- Манифестации и демонстрации,
- Злонамерни постапки на трети лица,
- Кражба, противправно одземање на возило и разбојништво,
Делумно каско осигурување
Ги опфаќа следните осигурени ризици:
- Осигурување без вклучен ризик кражба,
- Осигурување на стакла,
- Осигурување на возила за време на мирување.
Каско Плус
- UNIQA за своите клиенти кои ќе ги осигураат своите патнички возила или деловниот возен парк со КАСКО осигурување нуди високо квалитетни уреди за ГПС лоцирање од фирмата Enfora, каде сервисот и надградбата се вклучени во месечното одржување.
- КАСКО Плус придонесува кон намалувањето на трошоците за гориво, сервис и осигурување на вашето возило или возниот парк на вашата компанија.
- Претпријатијата кои ќе го вградат UNIQA ГПС системот ќе имаат опции за зголемена контрола врз возниот парк, подобрување на продуктивноста и работната дисциплина, и спречување на неавторизирано користење на возилата од Вашата компанија
Покритие
Сообраќајна незгода
Паѓање на предмет на возилото
Пожар
Експлозија
Провална кражба и разбојништво
Поволности
- флексибилна динамика при плаќањето,
- брзо решавање на штетни случаи,
- бројни попусти кои значително ќе ја намалат осигурителната премија,
- лојалните клиенти кои ќе склучат договор за каско осигурување со траење од три години добиваат песплатен ГПС уред, бесплатна инсталација и попуст на претплатата.
- Во колку е склучено осигурување со франшиза постои можност за откуп на франшиза кај осигурувањето на стаклата на возилото. Ова значи дека штетата направена на стаклата ќе биде исплатена во целост.
Карактеристики на Каско Плус
- Следење на едно или повеќе возила во живо во Република Македонија и / или низ целиот свет
- Следење на брзина на движење и локацијата во живо
- Извештаи за места на посети, времетраење на секое застанување, потрошувачка на гориво врз база на просечна потрошувачка, пресметка на изминат пат и време од точка до точка или за период
- Известување за надминување на максималната брзина делницата од патот, нагло сопирање и забрзување
- Известување за влегување и / или излегување од определена зона (Geofencing)
- Известување за пречки во работата на ГПС уредот (кинење на кабли).
Слични производи
Без ова осигурување не е можно да извршите регистрација на Вашето службено возило. Со ова осигурување ја осигурувате одговорноста на Вашето претпријатие за надомест на материјални и нематеријални штети предизвикани на трети лица причинети со употреба на Вашето службено возило.
При патување надвор од Република Македонија со сопствено возило, неопходно е за возилото да се обезбеди Зелен Картон, кое, всушност, е територијално проширување на Осигурувањето од Автоодговорност во сите европски земји и останати земји членки на системот на Зелен Картон.
UNIQA А.Д. Скопје нуди квалитетно осигурување за време на транспортот во копнен,
поморски и авионски превоз против сите ризици (ALL Risks) Kлаузула *А*.
Со ова осигурување се покрива одговорноста за штета која настанала, важи или е од дејност на осигуреникот, од поседување ствари, од правен однос, или од одредено својство како извор на опасност, што се одбележани во полисата за осигурување, односно во понудата за осигурување.