Search

Имате грип? Храна која е добра за вас и што да избегнувате

 

Апетитот е првото нешто што исчезнува кога телото и организмот се погодени од грип и вируси.

Сепак, храната игра голема улога во заздравувањето на телото, враќањето на имунитетот и метаболизмот.

Но, тоа не значи дека заради брзо закрепнување, треба да се држите до некои производи кои, за волја на вистината, се погрешни.

Избегнувајте рафинирани зрнa

Грипот го напаѓа желудникот, предизвикувајќи дијареа и гадење. Храната како тестенини или ориз може да изгледа утешна, но треба да внимавате на употребеното жито. Овие намирници имаат високо гликемиско ниво и значително го зголемуваат нивото на шеќер во крвта. Покрај тоа, едноставните јаглехидрати промовираат воспаление кое не е добредојдено кога телото веќе се бори со вирус.

Слатки и кафе

Шеќерот е рафиниран јаглехидрат и поттикнува воспаление. Останете подалеку од слатки, газирани пијалоци и сладолед.

Наместо тоа, пијте билни чаеви со мед кои го смируваат вашето грло. Потта и постојаната температура го дехидрираат телото. Треба да се хидрирате, но кафето не го обезбедува тоа, туку ја влошува ситуацијата.

Aлкохол

Алкохолот може да стане ваш голем непријател во случај на грип. Дополнително го дехидрира телото и ги стеснува дишните патишта. На овој начин кашлицата станува силна и поразителна. Наместо алкохол, најдете утеха во течна храна како пилешката супа.

Суплементи

Суплементи како цинк се рекламираат како одличен додаток во исхраната, но тие треба да се земаат само ако препорача лекар. Наместо тоа, земете витамин Ц, кој го скратува времетраењето на симптомите на грип. Витаминот истотака можете да го внесете и кога јадете овошје како киви и јагоди.

Мрсни јадења

Храната со високо ниво на масти, преработките од месо, варени со растително масло или транс масти предизвикуваат воспаление и го потиснуваат имунолошкиот систем. Понатаму, тие се тешко сварливи и се последното нешто што му треба на вашиот стомак.

Наместо тоа, јадете јајца или мисиркино месо, два производи богати со протеини.

Млечни производи

Овие производи веројатно немаат никакво влијание врз времетраењето на настинката или грипот, но предизвикуваат непријатност, особено при потењето.

Се верува дека овие производи ја згуснуваат потта и го отежнуваат нејзиното напуштање од телото. Наместо тоа, пијте цели сокови со овошје и зеленчук, вклучувајќи ги и бананите.

Со овие чекори болеста ќе биде поподнослива и организмот побрзо ќе се врати во оптимална состојба.

Facebook
Twitter
LinkedIn