Search

Будење

На 2 април во „Јавна соба“ во 12 часот напладне премиерно беше отворена изложбата на фотографии со илустрации, „Будење“, посветена на децата со Даунов синдром и ретки болести.

2 април е Меѓународен ден за борба против аутизмот, ден кој нè потсетува дека околку нас има лица кои не смееме да ги заборавиме и лишиме од општесвените процеси, од времето и просторот кои им се потребни, интеграцијата и инкулизјата. Време е да се разбудиме, но и да го разбудиме и размрдаме ова заспано опшетество, порачуваат организаторите на овој настан.

Изложбата е во рамки на истоимената кампања „Будење“ започната од Анче Туфекчиева, мајка на девојче со даунов синдром, основач и член на Здружението „Вера“ од Струмица – здружение за помош и поддршка на лица со пречки во развој, Даниела Мирческа, мајка на дете со ретка болест и регионален координатор на „Ресурсен центар за помош и поддршка на родители на деца со пречки во развој“. Ирена Мила и Елена Фидановска – фотографки и активистки, илустраторката Верица Пиперевска и социологот Иванна Хаџиевска.

Уника Осигурување ја поддржа оваа кампања, присуствуваше на настанот и спреми мали изненадувања за сите деца присутни на настанот.

Facebook
Twitter
LinkedIn