Извештај на „UNIQA“ за првите 6 месеци од 2024 година/ Брандштетер: Значителен раст во Австрија и Европа.

  • Бруто полисирана премија со раст од 8,8%, достигнувајќи 4,1 милијарди евра
  • Добивка пред оданочување со раст од 19%, достигнувајќи 277,5 милиони евра
  • Комбиниран бруто коефициент, 87,3%
  • Динамичен раст и висока добивка од придонесот на филијалите во Централна и Источна Европа.

 

„Задоволителен раст од 4,5% во Австрија и 12,3% во Централна и Источна Европа. Умерено зголемувањето на штети и многу добрите перформанси на нашите инвестиции обезбедија значително зголемување на добивката пред оданочување за речиси 20%. Комбинираниот бруто коефициент, важен показател за профитабилноста на осигурителната компанија, достигна 87,3%“.

Ова го истакна Андреас Брандштетер, извршен директор на „UNIQA Insurance Group“,при анализа на резултатите од првите шест месеци од оваа година.

Интензивно работиме на ефектите од климатската криза и особено на тоа каков придонес можеме да дадеме. Ова е причината зошто ја лансиравме новата компанија „UNIQA Sustainable Business Solutions“ (одржливи деловни решенија) во првата половина од годината, која им помага на нашите корпоративни клиенти да се заштитат од ризици надвор од традиционалното осигурување“, продолжува Брандштетер.

 

Клучни бројки јануари-јуни 2024 година

„UNIQA Insurance Group“ известува во согласност со новите сметководствени стандарди МСФИ 9 и МСФИ 17, кои се применуваат од 1 јануари 2023 година.

Полисираната премија од UNIQA, заедно со премијата за животно осигурување поврзано со инвестициски фондови и индексација, се зголеми за 8,8% и достигнаа 4.071,3 милиони евра (3.741,9 милиони евра во првата половина од 2023 година).

За овој пораст придонесоа и осигурувањето на имот и лица (+10,7%) и здравственото осигурување (+10,2%).

Во Австрија премијата се зголеми за 6,6%, додека во останатите друштва на UNIQA во  Европа за 14%.

Инвестицискиот резултат се зголеми на 437,7 милиони евра во првата половина на 2024 година (1 – 6/2023: – 310,8 милиони евра).

 

Добивката пред оданочување на Групацијата UNIQA значително се подобри за 19% и достигна 277,5 милиони евра (233,2 милиони евра во периодот јануари-јуни 2023 година).

Консолидираниот резултат (делот од резултатот во периодот што им се припишува на акционерите на UNIQA Insurance Group AG) се зголеми за 24,6% и достигна 220,9 милиони евра (177,3 милиони евра во периодот јануари-јуни 2023 година).

Соодносот на регулаторниот капитал според Солвентност достигна 266%, со пораст од 11 процентни поени во однос на крајот на 2023 година.

 

Резултати во деловните единици

  • Осигурување на имот

Полисираната премија за осигурување на имот се зголеми за 10,7 % или 2.482,2 милиони евра во првите шест месеци од 2024 година (2.242,5 милиони евра во првите шест месеци од 2023 година).

  • Здравствено и животно осигурување

Кај здравственото осигурување полисираната премија се зголемија за 10,2% и достигнаа 764,7 милиони евра во првата половина од 2024 година (693,8 милиони евра во првите 6 месеци од 2023 година).

Кај осигурувањето на живот, полисираната премија, заедно и со учеството на премиите за животното осигурување поврзани со инвестициски фондови и индексација, има благ пораст за 2,3% и достигна 824,4 милиони евра (805,5 милиони евра во првата половина на 2023 година).

Учеството на новосклучените договори во здравственото и животното осигурување достигна на задоволително ниво во првата половина од 2024 година. Врз основа на маржата на услугата по договор, новата деловна маржа изнесува 9,9% со нова деловна вредност од 119,4 милиони евра.

Маржата за договорна услуга се зголеми на 5.549,0 милиони евра на 30 јуни 2024 година (31 декември 2023 година: 5.266,3 милиони евра).

За финансиската 2024 година, последната од стратешката програма „UNIQA 3.0 – Засадување на иднината“, UNIQA се фокусира на понатамошно подобрување на бизнисот на своите два пазари, Австрија и Централна и Источна Европа.

Врз основа на коефициент на солвентност од најмалку 170%, ние се стремиме да им овозможиме на нашите акционери да учествуваат во успехот на компанијата постепено, односно со зголемување на исплатата на дивиденда секоја година. Соодносот на плаќање ќе остане непроменет до 60%“, велат од „UNIQA Insurance Group“.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn