Каско осигурување
Каско осигурување претставува осигурување на возилата кое овозможува покривање на штетите на сопственото возило независно од причината и виновникот.
Предности
- Флексибилна динамика при плаќањето – клиентот сам го бира начинот на плаќање, во целост или на рати,
- Брзо решавање на штетни случаи,
- Бројни попусти кои можат значително да ја намалат вашата осигурителна премија.
Потполно каско осигурување
Ги опфаќа следните осигурени ризици:
- Сообраќајна незгода, како превртување, судар, удар, урнување и слично,
- Паѓање на предмет врз возилото или удар од некој предмет,
- Пожар
- Удар од гром
- Оштетување на тапацир при давање на помош при сообраќајна незгода,
- Ненадејно надворешно термичко или хемиско дејство
- Експлозија (освен експлозија од нуклеарна енергија),
- Бура, град, снежна лавина; поплава, порој и високи води,
- Паѓање на воздушни летала,
- Манифестации и демонстрации,
- Злонамерни постапки на трети лица,
- Кражба, противправно одземање на возило и разбојништво,
- Намерно предизвикување на осигуран предмет со цел да се спречи поголема штета.
Делумно каско осигурување
- Осигурување само од пожар,
- Осигурување само од кражба,
- Осигурување само од пожар и кражба,
- Осигурување од кршење на стакло само кај ПМВ.
Сообраќајна незгода
Паѓање на предмет на возилото
Пожар
Експлозија
Кражба
Доколку е склучено осигурување со франшиза, постои можност за откуп на франшизата кај осигурувањето на стаклата на возилото. Ова значи дека штетата направена на стаклата ќе биде исплатена во целост.
Без ова осигурување не е можно да извршите регистрација на Вашето возило. Со ова осигурување ја осигурувате Вашата одговорност за надомест на материјални и нематеријални штети предизвикани на трети лица причинети со употреба на Вашето возило.
При патување надвор од Република Македонија со сопствено возило, неопходно е за возилото да се обезбеди Зелен Картон, кое, всушност, е територијално проширување на Осигурувањето од Автоодговорност во сите европски земји и останати земји членки на системот на Зелен Картон.
UNIQA А.Д. Скопје нуди квалитетно осигурување за време на транспортот во копнен,
поморски и авионски превоз против сите ризици (ALL Risks) Kлаузула *А*.
Со ова осигурување се покрива одговорноста за штета која настанала, важи или е од дејност на осигуреникот, од поседување ствари, од правен однос, или од одредено својство како извор на опасност, што се одбележани во полисата за осигурување, односно во понудата за осигурување.