Не дозволувајте високите температури да ви ги расипат плановите

Се сеќавате ли како кога бевме мали ги поминувавме сите денови на летен одмор играјќи си надвор без да размислуваме за топлината што ни висеше над главите? Детство без клима, кое нѐ научи да ги поминеме жешките ноќи без да забележиме колку е тежок воздухот.

Сега, не само што се променија сите животни навики, туку и времето е соочено со големи промени, што не нѝ остава време да се прилагодиме од ниските на високите температури.

На почетокот на август сме и нѝ останува уште од долгото лето, па затоа мора да имаме на ум неколку важни совети кои треба да ги имаме на ум.

  1. Кога индексот на топлина е висок, останете внатре колку што е можно повеќе.
  2. Ако живеете во куќа со повеќе катови, почесто престојувајте на долните катови.
  3. Закажете активности на отворено во поладни периоди од денот, пред 10:00 часот и по 18:00 часот навечер.
  4. Носете светла и широка облека.
  5. Пијте многу вода.
  6. За време на активностите на отворено, правете чести паузи и пијте течности на секои 15-20 минути, дури и ако не чувствувате жед. Избегнувајте алкохол и кофеин.
  7. Никогаш не оставајте бебиња, домашни миленици или постари лица во паркиран автомобил.
  8. Облечете ги бебињата во ладна облека и користете капа или чадор за да ги блокирате сончевите зраци.
  9. Одвреме-навреме освежувајте се со свежа вода.
  10. Постојано следете ги децата за знаци на болест поврзана со топлина.
  11. Нанесете крема за сончање со заштитен фактор 15 или повисоко најмалку 30 минути пред да излезете на сонце.
  12. Носете очила за сонце и капа со широк обод за да ги заштитите очите и лицето.
  13. Намалете го внесот на кофеин од пијалоци, вклучувајќи кафе, чај, кола и други пијалоци со висока содржина на кофеин. Избегнувајте да пиете одредени видови пијалоци: Алкохолни пијалоци и пијалоци со висока содржина на шеќер; многу ладни пијалоци, бидејќи можат да предизвикаат грчеви во стомакот.
  14. Избегнувајте да јадете топла храна или тешки оброци бидејќи тие додаваат топлина на вашето тело.

Секое лето е жешко, но жештината не мора да ви го уништи летото.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn