Пријава на имотна штета
Веднаш по настанување на штета на имот за истата се известува сектор за штети
на тел. број 02 / 3288 800, од каде ќе добиете понатамошни инструкции за текот на постапката.
Во рок од три работни дена настанатата штета потребно е да се пријави на соодветен образец за пријава на штета.
1.Потребна документација за обработка на ЦМР штети
- Пополнета пријава на штета од превозникот заверена со потпис и печат (преземи формулар)
- Полиса за осигурување
- Оштетно барање на оштетеното лице
- Превозни документи (товарен лист, договор)
- Извозна царинска декларација
- Увозна царинска декларација
- Фактура од превозникот до корисникот на превозот за цената на превозот
- Фактура или друг доказ за вредноста на пратката
- Писмена изјава на возачот и неговиот помошник за причината и околностите за настанување на штетата
- Копија од возачката дозвола на возачот
- Копија од сообраќајните дозволи на влекачот и приколката
- Записник од полиција ако настанала сообраќајна незгода или кражба на пратката
- Записник за оштетувањата на робата од страна на примачот
- Записник за преглед и констатација на состојбата во која е примена стоката
- Записник за извид и процена на висина на штетата со утврдување на причините за настанување на штетата
- Доказ дека сте ја подмириле обврската за штетата кон оштетеното лице
- Фотографии од возилото со кое е превезувана стоката и од состојбата на стоката при прием
- Доказ (документ) што е направено со оштетената роба
- Записник од надлежен санитарен инспекторат дека стоката не е за употреба доколку е целосно оштетена
- Ако стоката е делумно или целосно оштетена, записник за нејзино уништување од надлежен орган кој ја уништувал
- Други документи врз основа на кои може да се утврди постоење или непостоење на одговорност на осигуреникот за настанатата штета
- Секаква документација за докажување на настанатата штета и нејзината висина
- Доказ дека побарувањето на оштетеното лице е исплатено
- Трансакциска сметка
2. Потребна документација за обработка на штети карго/транспорт
- Пополнета пријава на штета од осигуреникот заверена со потпис и печат (преземи формулар)
- Полиса за осигурување
- Оштетно барање на оштетеното лице
- Фактура или друг доказ за вредноста на пратката
- Записник за преглед и констатација на состојбата во која е примена пратката
- Фотографии од пратката пред испраќање
- Фотографии за состојбата на пратката при прием
- Доказ дека побарувањето на оштетеното лице е исплатено
- Трансакциска сметкa
3. Потребна документација за обработка на штети пожар и некои други опасности (класа 08) и домаќинско осигурување (класа 09)
- Пополнета пријава на штета од осигуреникот (оштетениот) заверена со потпис и печат (преземи формулар)
- Полиса за осигурување
- Изјава за случениот настан
- Имотен лист од оштетениот објект/книговодствена картица
- Потврда од МВР/ Потврда од ЕППЗ/ Потврда од УХМР
- Фотографии или друг доказен материјал за случениот настан-доколку поседувате
- Трансакциска сметка
4. Потребна документација за обработка на штети од провална кражба и разбојништво
- Пополнета пријава на штета од осигуреникот (оштетениот) заверена со потпис и печат (преземи формулар)
- Полиса за осигурување
- Потврда од МВР за случениот настан
- Детална изјава од сопственикот/вработениот за извршената кражба
- Листа/список на украдени ствари
- Доказ/дневен финансиски извештај за промет од денот пред кражбата
- Лагер листа за денот пред кражбата
- Влезни фактури за стварите пријавени како украдени
- Материјални/книговодствени картици за украдените ствари
- Записник за состојбата со залихите
- Фактура за поправка на оштетените градежни делови на просториите, инсталациите и опремата во кои се наоѓаат осигурените ствари при извршување или обид на провална кражба односно разбојништво
- Фотографии/видео снимка или друг доказен материјал во врска со извршената кражба-доколку поседувате
- Трансакциска сметка
5. Потребна документација за обработка на штети кршење машини (класа 09)
- Пополнета пријава на штета од осигуреникот (оштетениот) заверена со потпис и печат (преземи формулар)
- Полиса за осигурување
- Изјава за случениот настан
- Список на осигурана опрема
- Книговодствена картица на оштетеното средство
- Понуда/фактура со работен налог од сервисерот кој ја извршил поправката
- Фотографии или друг доказен материјал за случениот настан-доколку поседувате
- Трансакциска сметка
- Да се обезбедат услови за реализирање на контролата на поправената машина и заменетите делови
6. Потребна документација за обработка на штети кршење стакло (класа 09 тарифа 05)
- Пополнета пријава на штета од осигуреникот (оштетениот) заверена со потпис и печат (преземи формулар)
- Полиса за осигурување
- Изјава од сопственикот/вработениот за случениот настан
- Потврда од МВР, доколку настанот е пријавен во МВР
- Фактура со работен налог за промена на скршеното стакло
- Фотографии/видео снимка или друг доказен материјал во врска со случениот настан-доколку поседувате
- Трансакциска сметка
7. Потребна документација за обработка на штети објекти во градба, објекти во монтажа (класа 09 тарифа 07,08)
- Пополнета пријава на штета од осигуреникот (оштетениот) заверена со потпис и печат (преземи формулар)
- Полиса за осигурување
- Изјава од сопственикот/вработениот за случениот настан
- Потврда од МВР/ Потврда од УХМР
- Книговодствена картица/Фактура за набавка/Имотен лист/Извод од градежна книга
- Фактура за реализирана интервенција со налог/извод од градежна книга
- Фотографии или друг доказен материјал во врска со случениот настан-доколку поседувате
- Трансакциска сметка
8. Потребна документација за обработка на штети Техничка опрема
- Пополнета пријава на штета од осигуреникот (оштетениот) (преземи формулар)
Напомена: УНИКА АД Скопје го задржува правото да бара дополнителни објаснувања и дополнителна документација од оштетениот и надлежните органи и инстутуции, а со цел да се утврдат важните околности во врска со пријавената штета, кој не можат да се утврдат од доставената документација.