Search

UNIQA Insurance Group

UNIQA Insurance Group е една од водечките осигурителни групации на пазарите во Австрија, Централна и Источна Европа. 21,000 вработени и партнерите опслужуваат 17 милиони коминтенти во 17 држави.
Капиталот со кој управува компанијата изнесува 33 милијарди Евра. Поради тоа UNIQA Versicherungen AG е рангирана во највисокиот сегмент на Виенската берза на хартии од вредност, таканаречениот примарен пазар. Веќе со години агенцијата Standard & Poor’s ја оценува UNIQA со стабилен „А“ рејтинг.

Во UNIQA и Raiffeisen Insurance, поседуваме два силни брендови кои ни овозможуваат многу добра основа за нашиот понатамошен развој.
UNIQA оперира во 17 земји во Централна и Источна Европа: Австрија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Косово, Хрватска, Cеверна Македонија, Црна Гора, Полска, Романија, Србија, Словачка, Чешка Република, Украина и Унгарија. Осигурителните компании во Швајцарија и Лихтеншајн се исто така членови на UNIQA Групацијата.
Aктуелните и потенцијалните клиенти можат да сметаат на највисок квалитет во осигурувањето, највисока безбедност и нови фондови што само големи и реномирани
меѓународни компании како UNIQA можат да ги понудат.

Мисијата на UNIQA

Блискоста со нашите клиенти е појдовна точка на нашиот бизнис. Ние сме фокусирани на нашиот суштински бизнис на овозможување на безбедност. Ние се зафаќаме со потребите на нашите клиенти и создаваме решенија скроени за нив. Ова е возможно само преку личен контакт, лице в лице и на локално ниво.
Оваа посветеност оди во прилог како на клиентите, така и за нас.
Создаваме врска помеѓу луѓето и УНИКА – секојдневните ризици ги менуваат животните текови, кои осигурени преку продуктите на УНИКА ги прават „промените во животот“ позитивни.

Стратегијата на UNIQA се состои од следниве пет клучни појдовни точки:

  • Услуга – ние нудиме едноставна, посветена и благонаклонета помош;
  • Фокус кон клиенти – се гледаме себеси како претставници на клиентите;
  • Способност – нудиме уверливи решенија засновани на нашето искуство;
  • Иновација – нудиме нови, современи продукти;
  • Квалитет – се посветуваме на подготовка на индувидуални решенија.
ГЕНЕРАЛИИ

Составена од

40

компании

Отворена во

18

земји

Вработува повеќе од

21.300

вработени

Се грижи за

15,5

милиони клиенти

СЛИЧНО