Дома » Патничко-здравствено осигурување при патување во странство
Патничко-здравствено осигурување при патување во странство
ЛИСТА НА ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ОБРАБОТКА ШТЕТИ ОД ПАТНИЧКО ОСИГУРУВАЊЕ
1. Доколку пријавува осигуреникот:
- Пополнета Пријава/образец на УНИКА, со точна адреса и тел.број (преземи формулар)
- Изјава за согласност за обработка на лични податоци
- Изјава од осигуреникот, во која ќе ги наведе околностите под кои се случил настанот, односно од кои причини имал потреба од лекарска интервенција
- Фактура за платено лекување и доказ дека истата е платена од негова страна ( во оригинал )
- Специјалистички извештај од доктор, односно комплетна медицинска документација
- Фотокопија од предната страна од пасошот, од влезните и излезните печати ( доколку штетата е во Грција, да се ископира и листот за влез и излез од граница )
- Фотокопија од полисата за патничко осигурување
- Транскациска сметка од осигуреникот/родителот
- 2.Доколку пријавува здравствена установа:
- Известување по е-маил или пошта за настанат осигурен случај
- Специјалистички извештај од доктор/Отпусно писмо, односно комплетна медицинска документација
- Фотокопија од предната страна од пасошот, од влезните и излезните печати доколку штетата е во Грција, да се ископира и листот за влез и излез од граница)
- Фотокопија од полисата за патничко осигурување
- Фактура за извршена медицинска услуга
- Напомена: УНИКА АД Скопје го задржува правото да бара дополнителни објаснувања и дополнителна документација од оштетениот и надлежните органи и инстутуции, а со цел да се утврдат важните околности во врска со пријавената штета, кој не можат да се утврдат од доставената документација.
Слични производи