Меѓународен ракометен турнир Струга 2013

Меѓународниот ракометен турнир Струга како еден од најдолговечните и најквалитетни ракометни турнири во овој дел на Европа, оваа година беше подражан и од UNIQA осигурување. Градот Струга претставува вистински расадник на познати ракометни имиња, кои направија успешни меѓународни кариери и го носат дресот на македонската репрезентација: Наумче и Златко Мојсовски, Ацо Јоновски, Велко и Никола Маркоски, Гоце Ојлески, Никола Костески, како и Марко Неловски.

41. турнир започна во среда на 14.08 и траеше до 17.08.2013, сите натпревари се играат на игралиштето „Женска плажа“.

Екипата на Металург го одбрани трофејот со триумф над осумкратниот француски првак Иври со 24:22 (16:7).

Facebook
Twitter
LinkedIn