Летај Песно

На 21 април во Македонскиот народен театар во Скопје се одржи гала концерт на врвни млади музичари кои на присутните им подарија моменти на уживање со мелодиите на едни од најпознатите светски музички дела подготвени за камерен оркестар, од страна младиот уметник Вејчеслав Поповски, а интерпретирани во едно ново издание, обоено со фантазијата на млади уметници на една прекрасна Гала вечер.

Се’ започна од идејата на младиот нескротлив дух на овие млади уметници кои веруваат во својот потенцијал и во идејата дека заслужуваат можност да ни покажат со што ние треба да се гордееме.

Солисти на вечерта беа: Тијана Димова, Вејчеслав Поповски, Анастасија Аврамовска, Ени Вучидолова и Бојан Ефтимов.

УНИКА ЛАЈФ го подржи настанот и даде свој допринос за одржувањето на овој настан.

Facebook
Twitter
LinkedIn