Дома » Патување и Одмор
Патување и Одмор
Трошоците за ненадејната потреба од медицинска нега при патување и престој во странство особено во многу Европски земји, често се значително повисоки од нашите вообичаени во Македонија.
Стандард
Основно покритие:
- Итни медицински, болнички и хирушки интервенции со максимално покритие до 30.000 ЕУР,
- Итни стоматолошки случаи (до два заба) со макс. покритие до 100 ЕУР,
- Трошоци за репатријација до 5.000 ЕУР,
- Оправдани трошоци за авиобилет и посета на болен 100% покритие,
- Оправдани трошоци за хотелско сместување при посета на болен до 350 ЕУР.
Комфорт
Покрај покритието кое се нуди со пакетот Стандард, опфаќа и:
- Покритие за инвалидитет во зависност од степенот, од 3.000-5.000 ЕУР.
Ексклузив
Покрај покритието кое се нуди со пакетот Стандард и пакетот Комфорт, опфаќа и:
- Кражба и уништување на багаж до 500 ЕУР,
- Кражба на багаж од моторно возило до 250 ЕУР,
- Трошоци за враќање на децата во татковината 100% покритие,
- Трошоци за телефонски разговори и замена на патни документи 100% покритие.
Итни хирушки интервенции
Итни стоматолошки случаи
Инвалидитет
Кражба и уништување на багаж
Трошоци за замена на патни документи
Попусти:
•Семеен попуст (минимум 3 лица) од 5%.
•Попуст од 25% за деца до 14 годишна возраст.
•Попуст од 20–30% за групно патување.
•Попуст од 15% за редовни студенти и 40% за екскурзии.
•Бонус за немање штета за претходната полиса.
Доплати:
50% (СКИЈАЊЕ И ЛИЗГАЊЕ НА МРАЗ) Доколку за време на патувањето ќе се занимавате со скијање и лизгање на мраз. Во спротивно незгодите кои ќе настанат за време на овие активности нема да бидат покриени со полисата за осигурување.
20% (ПРОФЕСИОНАЛНО ПЛИВАЊЕ) Доколку за време на патувањето ќе се занимавате со професионално пливање. Во спротивно незгодите кои ќе настанат за време на овие активности нема да бидат покриени со полисата за осигурување.
20% (НУРКАЊЕ, ВАТЕРПОЛО, АТЛЕТИКА, ДИГАЊЕ НА ТЕГОВИ) Доколку за време на патувањето ќе се занимавате со нуркање, ватерполо, атлетика, дигање на тегови. Во спротивно незгодите кои ќе настанат за време на овие активности нема да бидат покриени со полисата за осигурување.
Овозможува лекување во најдобрите приватни и државни здравствени установи.
– Без франшиза
– Без ограничување на број прегледи