Дома » Колективно животно осигурување
Колективно животно осигурување
Колективното животно осигурување е наменето за правните лица, односно осигурување на вработените.
Намена
- Овој продукт е наменет за секое лице на возраст од 15 до 65 години,
- Договорот може да се склучи за период од 5 до 30 години,
- Договорувач на осигурувањето е правното лице односно компанијата, со една полиса ги осигурува сите или дел од вработените.
- Договорувачот може со договорот како и со некои правни работи подоцна да го одреди лицето по име (корисникот) на кое ќе му припадне право по основ на договорот за осигурување
- Продуктот е наменет за сите вработени лица кај договорувачот на осигурување, при што договорот за секое вработено лице може да трае најмногу до навршување на 75 години.
Компакт
Долгорочно штедење и финансиска заштита на семејството во случај на непредвидени настани:
- доживување,
- смрт.
Оптимум
Долгорочно штедење и финансиска заштита во случај на непредвидени настани, како и заштита во случај на повреди кои како последица имаат траен инвалидитет:
- доживување,
- смрт.
- смрт како последица од незгода,
- траен инвалидитет,
- дневен надомест за болнички престој како последица од незгода.
Финансиска заштита на вработените
Долгорочно штедење
Траен инвалидитет
Смрт
Дневен надомест за болнички престој
•Обезбедува финансиска сигурност на осигуреникот и семејството.
•Овозможува оптимална комбинација на покритието – според желбата и можностите на клиентите.
•Висината на осигурените суми е еднаква за сите осигуреници без оглед на нивната пристапна старост или здравствена состојба.
Овозможува лекување во најдобрите приватни и државни здравствени установи.
– Без франшиза
– Без ограничување на број прегледи