Патување и Одмор
Патничко здравствено осигурување во странство е најдобар избор за максимална заштита од негативни последици при евентуални несреќи или итни медицински третмани во странство.
Пред да тргнете на вашето патување купете патничко здравствено осигурување и дајте си поголема заштита
• Осигурување од КОВИД-19
Со приложување на полисата за патничкото осигурување на UNIQA во Генеа лаборaторија добивате повластена цена PCR тест 1.200 мкд и/или брз антигенски тест за 750 мкд.
Стандард
Го опфаќа основното покритие:
- Итни медицински, болнички и хирушки интервенции со максимално покритие до 30.000 ЕУР,
- Итни стоматолошки случаи (до два заба) со макс. покритие до 100 ЕУР,
- Трошоци за репатријација до 5.000 ЕУР,
- Оправдани трошоци за авиобилет и посета на болен 100% покритие,
- Оправдани трошоци за хотелско сместување при посета на болен до 350 ЕУР.
Почитувани,
ОНЛИНЕ продажбата моментално е во фаза на надградба.
За да добиете полиси за патничко осигурување Ве молиме обратете се во најблиската филијала на УНИКА.
Ви благодариме за разбирањето!
Комфорт
Покрај покритието кое се нуди со пакетот Стандард, опфаќа и:
- Покритие за инвалидитет во зависност од степенот, од 3.000-5.000 ЕУР.
Ексклузив
Покрај покритието кое се нуди со пакетот Стандард и пакетот Комфорт, опфаќа и:
Предности:
- Кражба и уништување на багаж до 500 ЕУР,
- Кражба на багаж од моторно возило до 250 ЕУР,
- Трошоци за враќање на децата во татковината 100% покритие,
- Трошоци за телефонски разговори и замена на патни документи 100% покритие.
Итни медицински интервенции
Итни стоматолошки случаи
Покриени трошоци за авиобилет и хотелско сместување
Кражба на багаж
Трошоци за замена на патни документи
Полисата за патничко осигурување во странство ги покрива трошоците за непредвидена лекарска интервенција во странска здравствена институција, поради болест или незгода што би настанале при патување или престој во странство.
Максимален износ на трошоци за лекување настанати како последица на болест/незгода изнесува 30.000 ЕУР за сите зони.
Со патничкото осигурување ќе ги избегнете трошоците за:
- Итен медицински третман за време на патување или престој во странство,
- Лекови, рентгенски или ултразвучни прегледи,
- Итен медицински превоз и хоспитализација,
- Трошоци за репатријација на болните во домашната земја.
Со полисата за Патничко Осигурување дополнително можете да обезбедите и надоместок во случај на траен инвалидитет поради незгода во странство.
ДОПЛАТИ
50% (СКИЈАЊЕ И ЛИЗГАЊЕ НА МРАЗ) Доколку за време на патувањето ќе се занимавате со скијање и лизгање на мраз. Во спротивно незгодите кои ќе настанат за време на овие активности нема да бидат покриени со полисата за осигурување.
20% (ПРОФЕСИОНАЛНО ПЛИВАЊЕ) Доколку за време на патувањето ќе се занимавате со професионално пливање. Во спротивно незгодите кои ќе настанат за време на овие активности нема да бидат покриени со полисата за осигурување.
20% (НУРКАЊЕ, ВАТЕРПОЛО, АТЛЕТИКА, ДИГАЊЕ НА ТЕГОВИ) Доколку за време на патувањето ќе се занимавате со нуркање, ватерполо, атлетика, дигање на тегови. Во спротивно незгодите кои ќе настанат за време на овие активности нема да бидат покриени со полисата за осигурување.
Полисата ги покрива трошоците за итна лекарска интервенција во здравствени установи на територија на Р. Македонија, поради болест или незгода што би се случиле додека престојуваат во Р. Македонија.
Со одбирање на полиса за осигурување од незгода правите прав чекор кој планирање на сигурна иднина и заштита од непредвидливи настани.
Овозможува лекување во најдобрите приватни и државни здравствени установи.
– Без франшиза
– Без ограничување на број на прегледи
Со цел минимизирање на сите ризици поврзани со епидемијата на COVID-19, УНИКА А.Д СКОПЈЕ презема превентивни мерки во согласност со препораките на надлежните институции а со цел заштита на вработените и клиентите и превенција на натамошното ширење на вирусот