Search

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРИВАТНОСТ НА КАНДИДАТИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

1.  Краток опис на процесот на обработка на личните податоци

 

Селекција на кандидати за вработување во УНИКА АД .

 
2.  Целта на ова известување и негов правен основ

 

Ние  ги  обработуваме  Вашите  лични  податоци  врз  основ  на  Законот  за  заштита  на  личните податоци (Сл. Весник на РСМ бр. 42 од 16.02.2020).

 

Информациите во прилог на ова Известување се согласно членот 17 од Законот за заштита на личните податоци

 

3.  Кој е Контролор?

 

  •          Контролор е Друштво за осигурување УНИКА АД Скопје
  •          За дополнителни информации за УНИКА АД, посетете ја веб страната www.uniqa.mk

 

 

4.  За Кои лични податоци ви ги обработуваме и кој има пристап до нив?

 

Ние ги обработуваме оние лични податоци кои ги имате наведено во личната биографија што ни ја имате пратено.

Ги  обработуваме  податоците  кои  што  Ве  идентификуваат  и  Вашите  контакт  податоци  (име, презиме, националност, датум на раѓање, email адреса, телефонски број).

Исто  така, може да обработуваме и друга документација која би ни ја пратиле во прилог на личната биографија, како на пример сертификати, препораки и слично.

До Вашите лични податоци пристап може да имаат:

Вработените во Секторот за правни работи,човечки ресурси и правна усогласеност кои се одговорни за процедурата на избор на кандидати.

 

5.  Од каде ги добиваме Вашите лични податоци?

 

Лично од Вас преку Вашите доставени апликации .

 

6.   Зошто ги обработуваме Вашите лични податоци и врз која законска основа?

 

Вашите лични податоци ги обработуваме за да избереме соодветен кандидат кој би ја пополнил отворената работна позиција.

 

Вашите  лични  податоци  ги  обработуваме  како  преддоговорна  активностодносно  законскиот основ на обработката е исполнување на договор каде што вие сте договорна страна или за преземање на активности на барање на субјектот на личните податоци пред негово пристапување кон договорот (чл. 10 ст. 1 ал. 2 од Законот за заштита на личните податоци)

 

7.  Колку долго ги чуваме Вашите лични податоци?

 

Времето на чување на Вашите лични биографии е следно:

 

  •          За неизбраните кандидати – 12 месеци

 

  •          За избраните кандидати12 месеци

 

За кандидатите кои доставуваат лични биографии без распишан оглас – 12 месеци

 

8.  Кои се Вашите права во однос на личните податоци?

 

Имате право да пристапите до личните податоци што ги обработуваме за Вас и до релевантни информации кои се однесуваат за тоа како ги обработуваме. Под одредени услови, имате право да побарате да ги избришеме вашите лични податоци или да ја ограничите нивната обработка. Имате право да приговорите на нашата обработка на Вашите лични податоци, во било кое време. Ние ќе го разглоедаме Вашето Барање, ќе донесеме одлука и ќе Ве известиме за истата.

 

Вашето Барање може да го испратите до УНИКА АД  преку пошта во затворен плик или преку email на адреса info@uniqa.mk

 

 

9.  Како да ја повлечете вашата согласност и кои би биле последиците?

 

 (Не е применливо)

 

10.Автоматско донесување на одлуки

 

 (Не е применливо)

 

11.Право на жалба за начинот на обработка на Вашите лични податоци

 

Доколку имате некакви забелешки или жалби во врска со начинот на кој што Ви ги обработуваме Вашите лични податоци, во секое време може да го контактирате нашиот Офицер за заштита на личните податоци на email на адресата aleksandar.krsteski@uniqa.mk.

 

Исто така, во секое време имате право да поднесете жалба до Агенцијата за заштита на личните

податоци  https://dzlp.mk/prizlnlp

 

12.Контакт информации

 

Ве охрабруваме да не контактирате за секое прашање или поплака која би ја имале во однос на тоа како ги обработуваме Вашите лични податоци .

 

Доколку сакате да го контактирате нашиот Офицер за заштита на личните податоци, тоа може да го сторите преку email адресата  aleksandar.krsteski@uniqa.mk, или преку пошта со назнака до Офицер за заштита на личните податоци.

 

Поштенската адреса на УНИКА АД е: Бул. Илинден број 1 Скопје