Зелен картон
При патување надвор од Република Македонија со сопствено возило, неопходно е за возилото да се обезбеди Зелен Картон, кое, всушност, е територијално проширување на Осигурувањето од Автоодговорност во сите европски земји и останати земји членки на системот на Зелен Картон.
Намена
- Во случај на штетен настан во кој ќе учествува возилото со кое управувате во странство
- Премијата на полисата зависи од силината на моторот кај патничките возила
- За да изработиме Зелен картон неопходно е полисата за Автомобилска одговорност за возилото да биде извадена во нашата компанија.
Без ова осигурување не е можно да извршите регистрација на Вашето возило. Со ова осигурување ја осигурувате Вашата одговорност за надомест на материјални и нематеријални штети предизвикани на трети лица причинети со употреба на Вашето возило.
Каско осигурување претставува осигурување на возилата кое овозможува покривање на штетите на сопственото возило независно од причината и виновникот.
UNIQA А.Д. Скопје нуди квалитетно осигурување за време на транспортот во копнен,
поморски и авионски превоз против сите ризици (ALL Risks) Kлаузула *А*.
Граничното Осигурување е задолжително за сите моторни возила со странски регистарски таблици кои не поседуваат задолжително осигурување од автоодговорност кое е важечко за сообраќај во Република Македонија.