Како осигурителна компанија која се грижи за здравјето и благосостојбата на клиентите и вработените, во УНИКА МК поддржани од СИГАЛ Групацијата со гордост го одбележавме Розев Октомври – месецот на подигање на свеста за ракот на дојка.
Организиравме панел-дискусија со жените во компанијата, фокусирана на:
- важноста на редовните здравствени прегледи,
- лични приказни и искуства,
- како да создадеме култура на грижа и поддршка во работната средина.
Со розови детали, отворен разговор и стручни совети, покажавме дека превенцијата е најмоќното оружје.
Бесплатни здравствени совети и консултации во октомври
Како дел од нашата заложба за здравјето, овој месец им овозможуваме на сите наши корисници на здравствено осигурување бесплатни консултации и совети со стручни лица, како потсетување дека навремено дејствување може да спаси живот.
Погледнете дел од атмосферата на настанот во фотографиите подолу.
Грижата започнува од нас. Заедно во розово. Заедно посилни.