Тимот на UNIQA во Фудбалската бизнис лига го освои второто место

Македонски Телеком 2-2(1-1) (пен. 9-8) UNIQA

Македонски Телеком: Михајло Лазаревски 11’, Душко Симоновски 29’
UNIQA: Арбен Нухиу 16’, Љуљзим Каштањева 27’

Во првото полувреме финалето ги оправда сите епитети на зборот финале. Се играше доста цврсто и машки во фер плеј духот на двете страни. Полуремето заврши со 1-1 заслужено, бидејќи ниту една од двете екипи не дозволи противникот да го надигра. Во второто полувреме екипата на UNIQA постигна гол по само 5 минути игра и тоа створи огромна психолошка предност кај нив. Но не за долго. Екипата на Македонски Телеком преку Душко Симоновски постигна гол и потполно се врати во натпреварот. Во понатамошниот дел од натпреварот се играше изедначено се до самиот крај кога екипите пристапија кон изведување на пенали. Екипата на Македонски Телеком со повеќе нерви влезе во завршницата и сосема заслужено го освои шампионскиот пехар. По пенали 9-8.

Facebook
Twitter
LinkedIn