Испрати ја страницата | Отпечати ја страницата

Дом и Семејство

Нашите четири ѕида се место каде што се чувствуваме она што навистина сме. Тука ја планираме иднината, тука ги доживуваме најсреќните моменти, оттука тргнуваме во истражување на светот... И тука секогаш се враќаме, за да собереме енергија за нови достигнувања.

Планирањето, финансирањето и опремувањето на домот, секако, претставува една од најважните животни инвестиции. Било што да планирате, добро е да сторите сè вашето најважно место да го осигурате.

Осигурувањето на семејната куќа или стан, предметите во домаќинството и членовите на семејството, претставува единствена комбинација за заштита од ризици, кои Вас, како сопственик, и Вашето семејство можат да ве доведат во опасност, а кое со низа од различни решенија се прилагодува на Вашите индивидуални потреби.

Затоа, Ви ја претставуваме програмата за осигурување Дом и Семејство која е изготвена со цел да ви понуди најдобро осигурително покритие по ваша мерка, со цена според Вашите можности.

Премија за осигурување

Висината на премијата зависи од вредноста на вашиот имот и избраниот пакет на ризици.
За просечно уреден стан од 50 м2, во зависност од одбраниот пакет на покритие – годишната премија ќе ве чини 20- 80 Евра.

Преземете брошура

Осигурување на вистинските вредности

Осигурувањето на имотот од пожар и други ризици е еден од начините кој гарантира сигурност и материјална заштита, ако настане некоја штета.

Основни ризици

Со овој вид на осигурување се овозможува заштита од основни ризици, и тоа:

  • пожар и удар на гром;
  • експлозија (освен нуклеарна експлозија);
  • град;
  • бура;
  • манифестации и
  • демонстрации;
  • удар од сопствено моторно возило во осигурани градежни објекти;
  • пад и удар на воздушно летало.

 

Дополнителни опасности

  • Излевање на вода од водоводна и канализациска инсталација;
  • Одговорност кон трети лица;
  • Кражба;
  • Поплава, порој и високи води;
  • Кршење машини;
  • Стакло од кршење;
  • Лизгање и одронување на земјиште;
  • Снежна лавина;
  • Удар од сопствено моторно возило во осигурениот објект.

 

Осигурување на дополнителна опрема

UNIQA нуди можност за проширување на покритието со следните ризици:

  • Компјутерска опрема;
  • Музички инструменти;
  • Уметнички предмети.
     

Преземете брошура

Пакети на покритие

UNIQA Ве советува пред да тргнете на одмор да се погрижите

  • да ги исклучите апаратите за домаќинство
  • да ги исклучите апаратите за греење
  • да го затворите вентилот за вода и гас
  • да ги затворите вратите и прозорците
  • да ја затворите влезната врата
  • да ги замолите Вашите соседи да го надгледуваат вашиот дом во ваше отсуство
  • информирајте ги вашите најблиски или некој  човек од доверба за вашата дестинација и оставете  им копија од клучот.
  • Осигурајте го вашиот дом и стварите во него

 

  • Проверете ја важноста на вашата патната исправа
  • Направете патничко здравствено осигурување
  • Проверете ја важноста на Зелената карта
  • Проверете дали е потребна Виза за во државата каде ќе патувате
  • Обезбедете број од брза помош како и адреса и телефонски број на Амбасадата на РМ во земјата каде ќе патувате
  • Проверете ја волтажата што се користи во земјата каде ќе патувате
  • Организирајте кој ќе се грижи за домашните миленичиња во ваше отсуство

UNIQA Ви посакува пријатен и безгрижен одмор!

Испрати ја страницата | Отпечати ја страницата