Испрати ја страницата | Отпечати ја страницата

CREDIT LIFE

Планирате да купите стан на кредит? Сакате дополнителна сигурност за вашата инвестиција? За Вас UNIQA Life Македонија го креираше продуктот CREDIT LIFE, одлично решение кое одговара на овој предизвик.

Заштитете го Вашиот капитал од последица на несреќен случај, обезбедете сигурност на отплата, и заштитете го Вашето семејство.

Предности на CREDIT LIFE

За време на отплата на кредит можат да се случат непредвидени ситуации кои можат да ја загрозат финансиската стабилност на корисникот на кредитот и неговото семејство. За такви ситуации UNIQA Life Ви го нуди продуктот CREDIT LIFE – осигурување на животот на кредитокорисниците.

  • Финансиска заштита на семејството
  • Имотна заштита
  • Враќање на кредит
     

Преземете брошура

Сигурна иднина на вашето семејство

  • Со продуктот CREDIT LIFE можат да се осигураат сите здрави лица на возраст од 18 до 65 години.
  • Продуктот CREDIT LIFE е поврзан со периодот на исплата на кредит.
  • Максимална осигурената сума може да биде до 1.500.000 Евра или еквивалентна вредност во други валути, освен ако поинаку не е договорено.
  • Во случај кога две или повеќе лица се осигурени за истиот кредит, осигурената сума ќе се подели пропорционално помеѓу овие лица, освен ако не е поинаку договорено со полисата.

 

Обезбедување на кредит

Со полисата CREDIT LIFE, UNIQA ќе го преземе Вашиот долг, односно ќе има обврска да го врати останатиот износ на главнината на кредитот на кредитокорисникот на денот на настанување на осигурен случај.

Со ова се избегнува и можноста за активирање на хипотека од страна на банката и загуба на значаен капитал доколку како обезбедување на кредитот наместо полисата CREDIT LIFE се активира семејниот имот.

Преземете брошура

 

Пакети на покритие

КОМПАКТ – финансиска заштита во случај на непредвидени настани.

ОПТИМУМ – финансиска заштита во случај на непредвидени настани, како и заштита во случај на трајна целосна работна неспособност.

Преземете брошура

На кој начин може да се искористи осигурената сума?

• Еднократно (со навршување на 18 години) – по истекот на осигурувањето, осигуреникот ја добива осигурената сума на која и се додава и остварената добивка ;

• Ануитетно – во вид на месечна или годишна рента која може да се исплаќа во наредните 4 до 7 години (стипендија за школување) на која и се додава и остварената добивка ;

• Еднократно за венчавање (најдоцна до навршување на 25 години) – доколку осигуреникот стапи во брак од навршување на 18 до 25 години од животот, договорената осигурена сума, на која и се додава и остварената добивка, ќе биде исплатена кога осигурениот случај „брак“ ќе се склучи.
Испрати ја страницата | Отпечати ја страницата