Пријава на материјална штета по автоодговорност кон трети лица

Во случај на мала материјална штета се пополнува Eвропски Извештај по можност на лице место за да може да се направи реконструкција на начинот на кој се случила сообраќајната незгода со возилата-учесници во незгодата. Се прават фотографии на кои се гледаат и двете возила-учесници, при што пожелно е да се извести и најблиската полициска станица, која понатаму за потребите на компанијата и учесниците на тој начин ќе биде во можност да издаде службена белешка за незгодата. Потоа возилата се отстрануваатод коловозот и во најкраток можен рок двајцата учесници треба да ја пријават штетата во компанијата на причинителот. На увид се носат и двете возила (заради реконструкција на настанот).

Единствен услов за употреба на европски извештај во случај на сообраќајна незгода е двете возила да бидат подвижни а во спротивно потребно е да се повика полиција која ќе изготви полициски записник. Во случај кога има полициски записник (за поголеми материјални штети) причинителот не треба да дојде со оштетениот во компанијата за пријава на штета.

– Пријава на материјална штета online да испраќате докуметација со пополнети формулари на меил uniqasteti@uniqa.mk

1.БАРАЊЕ ЗА НАДОМЕСТ НА МАТЕРИЈАЛНА ШТЕТА СО ПОЛИЦИСКИ ЗАПИСНИК
Потребни документи за пријава на материјална штета-возило:

  • Барање за надомест на штета (преземи формулар)
  • Полициски записник  со сите прилози во случај на случена сообракајна незгода
  • Копија или број на полиса од причинителот на штета од Уника осигурување АД Скопје
  • Полиса за автоодговорност на оштетен
  • Сообраќајна дозвола од оштетено возило (копија)
  • Возачка дозвола од возачот на оштетеното возило (копија)
  • Лична карта од сопственикот на возилото и возачот на возилото (увид)
  • Фотографии од лице место од сообраќајната незгода (доколку поседува)
  • Увид на оштетено возило
  • Изјава за околностите под кои настанала сообраќајната незгода (преземи формулар)
  • Понуда за поправка/Фактура за извршена услуга на поправено возило
  • Трансакциска сметка од сопственикот на возилото (копија)

2.БАРАЊЕ ЗА НАДОМЕСТ НА МАТЕРИЈАЛНА ШТЕТА СО ЕВРОПСКИ ИЗВЕШТАЈ
Потребни документи за пријава  на материјална штета -возило;

  • Барање за надомест на штета (преземи формулар)
  • Европски извештај ( пополнет и потпишан од сите учесници)
  • Полиса за автоодговорност на оштетен во незгодата
  • Полиса за автоодговорност на причинителот на незгодата
  • Сообраќајна дозвола од оштетено возило (копија)
  • Сообраќајна дозвола од возилото на причинителот (копија)
  • Возачка дозвола од возачот на оштетеното возило (копија)
  • Возачка дозвола од возилото на причинителот ( копија)
  • Лична карта од причинителот (увид)
  • Лична карта од оштетениот (увид)
  • Реконструкција на возилата (увид)
  • Слики од лие место на сообраќајната незгода (доколку поседуваат)
  • Изјава за околностите под кои настанала сообраќајната незгода од причинителот (преземи формулар)
  • Изјава за околностите под кои настанала сообраќајната незгода од оштетениот
  • Понуда за поправка/Фактура за извршена услуга на поправено возило
  • Трансакциска сметка од сопственикот на возилото (копија)

Напомена:  УНИКА АД Скопје го задржува правото да бара дополнителни објаснувања и дополнителна документација од оштетениот и надлежните органи и инстутуции, а со цел да се утврдат важните околности во врска со пријавената штета, кој не можат да се утврдат од доставената документација.

  • После отворање на број на штета и фотографирање на возилата, оштетениот добива комисиски записник за оштетени делови, според кој комисиски записник овластениот сервис ќе го поправи оштетеното возило (за што треба да достави фактура) или спогодбен комисиски записник со кој одобрениот износ за поправка на возилото се префрла на трансакциска сметка на сопственикот. Со ова се затвора техничкиот дел на обработка на штета.
  • За пријава на материјална штета online и дополнителни информации да се обраќате на маилот uniqasteti@uniqa.mk  и на телефонските броеви +38923288873, +38923288872.

Во случај на пријава на КАСКО  

ЛИСТА НА ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ОБРАБОТКА НА КАСКО ШТЕТИ

  • Барање за надомест на штета (преземи формулар)
  • Сообраќајна дозвола од возилото (копија)
  • Лична карта од сопственикот на возилото (увид)
  • Возачка дозвола на возачот кој го управувал возилото (копија)
  • Полномошно за управување на возилото (доколку осигуреникот е правно лице или сопственик на возилото е лизинг компанија)
  • Изјава на возачот учесник во незгодата за настанување на штетниот настан (преземи формулар)
  • Понуда заа поправка или фактура за извршена услуга на поправено возило
  • Фотографии од поправено возило

  • Фотографии од лице место или друг доказ за настанување на сообраќајната незгода – доколку осигуреникот поседува.
  • Полициски записник со сите прилози во случај на случена сообраќајна незгода. 
  • Европски извештај со сите прилози (доколку е применет)
  • Трансакциона сметка од сопственикот на возилото

    Напомена:  УНИКА АД Скопје го задржува правото да бара дополнителни објаснувања и дополнителна документација од оштетениот и надлежните органи и инстутуции, а со цел да се утврдат важните околности во врска со пријавената штета, кој не можат да се утврдат од доставената документација.

Имате прашање?

Контакт центар

> info@uniqa.mk 

Контакт

Слични производи